Видео: Шверцери го „запалија“ скопско Кале и развеаа огромен транспарент

Навивачите на прволигашот Шкупи од Чаир, популарните „Шверцери“ вчеравечер на Скопското Кале приредија пиротехничко шоу.

Истото е како најава за денешниот дерби дуел од Првата лига против Вардар кој се игра со почеток од 16:00 часот.

Воедно на овој дуел „Шверцери“ ќе прослават 30 години од своето постоење, а јубилеј има и подгрупата „Гамблерс“ која ќе го прслави својот 20-ти роденден.