Видео: Протести во Скопје - инцидент кај Порта Македонија

Инцидент пред Триумфална порта во Центар се случи на вечерашните протести.

Во моментот кога се фрлаше со боја и јајца по Триумфална, демонтстрантите нападнаа случаен минувач.

Врз него се нафрлија група луѓе дел од нив го нападнаа физички, останатите се обидуваа да ја смират ситуацијата. Влечењето продолжи и кон ГТЦ каде го следеа и група демонстранти упатувајќи му го прашањето од кого е пратен да создава немири.

По 15-тина минути туркање, демонстрантите го пуштија.