Видео-пренос од граничниот премин Богородица, за сите кои патуваат во Грција

Продолжениот викенд поради велигденските празници е повод многу наши граѓани престојните денови да ги поминат во соседна Грција.

Надлежните соопштија дека на граничниот премин Богородица кај Гевгелија има задржување од десетина минути. Протокот на возила тече нормално и покрај најавите дека се воведуваат нови заострени правила за влез во земјите од Шенген зоната. 

За пренос во живо од граничниот премин Богородица кликнете на следниов линк.

На истиот линк можете да ја следите и состојбата на другите гранични премини.