Видео: Погледнете што се случува во вашиот мозок кога некој ќе ви лајкува фотографија на Фејсбук или Инстаграм

Собирање лајкови на Инстаграм, Фејсбук и други социјални мрежи има ист ефект на нашиот мозок како да сме пиеле алкохол или испушиле цигара.

Имено, во сите спомнати ситуации, вклучувајќи ја и онаа кога некој ќе ви го лајкува тоа што сте го објавиле, се лачи допамин, неуротрансмитер кој предизвикува среќа.

Според зборовите на Адам Алтер, професор по маркетинг на Универзитетот Њујорк, секој пат кога некој ќе ни лјакува фотографија, тоа е како да сме земале малку дрога.

Имено, нашиот мозок двете споменати работи ги регистрира како доста слични ситуации. Причината зошто е тоа така се крие во неизвесноста.

Корисниците на социјалните мрежи никогаш не знаат колку лајкови ќе собере нивната објава, па непредвидливоста на тој процес е токму тоа што ја предизвикува зависноста.

Кога би знаеле дека секоја наша објава ќе има бројни лајкови, тоа доста брзо би ни станало здодевно.

Уште еден од проблемите на Инстаграм е тоа што секој го претставува својот живот во најдобро можно светло, па гледањето на фотографиите на пријателите и познаниците често резултира со чувство на незадоволство од сопствениот живот.