Видео од автомобилот кој падна во Центарот на Скопје

Екипите на Министерството за внатрешни работи и Противпожарната заштита попладнево успејаа од водите на Вардар да го извлечат автомобилот „нисан“ кој во реката стоеше заглавен во непосредна близина на Камениот мост. Автомобилот што Пожарната бригада уште ја вади од Вардар е на актерката Весна Петрушевска.

-Уште сум во шок, не знам што се случило. Бидејќи немаше место на паркингот, се паркирав под мосотот, каде постојано сите колеги ги оставаме колите. Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“ вели Петрушевска.

Случајот го пријавил граѓанин попладнево околу 16 часот и 45 минути. Според него, возило со жолта боја и со запалени светла пловело по Вардар од мостот кај булеварот „Гоце Делчев“ кон Камениот мост и застанало кај ГТЦ спроти Телеком.