Видео: Маж и жена со бебе крадат во Меркур во Скопје

Компанијата Меркур објави видео од безбедноста камера на која се снимени маж и жена кои со себе носат и бебе – во моментот кога од еден од рафтовите за алат крадат производ. Внимателно гледат лево десно и кога ќе се уверат дека нема никој мажот го зема алатот жената отвора чанта и крадат. Но изумиле дека безбедносните камери обично се на плафонот.