Видео: Комити го приредија најголемото пиротехничко шоу и го запалија "западот"

Навивачката група „Комити“ во 48 минута ја прекина фудбалската игра на „Филип Втори“ Арената со најголемото пиротехничко шоу досега приредено во нашата земја.

Во чест на ФК Вардар, кој е формиран во 1948 година, во 48 минута на трибината на навивачите се запалија преку 500 факли. Фудбалерите веднаш отидоа до трибината, а потоа отпоздравија за шоуто кои им го направија најверните.

Натпреварот беше во мал прекин, но откако се избистри воздухот, судијата Ставрев даде знак да продолжи играта. „Вечното дерби“ првпат по долго време се игра пред двете навивачки групи, „Комитите“ и „Чкембарите“.

 

Фото и Видео: Гол.мк