ВИДЕО: Извлечен сопственикот на опожарениот стан во Карпош 4

Пожарникарите го извлекоа сопственикот на опожарениот стан во една од кулата близначки, информира екипата на Слободен печат која е на терен и будно ја следи ситуацијата. На сопственикот на станот веднаш му беше укажана прва помош на лице место.

За потсетување, станува збор за стан на 16-ти кат, а неофицијално пожарот е предизвикан од  плинска боца.

Голем дел од станарите се евакуирани од зградата, а пристигната и брза помош, која на возмирените станари им пружа соодветна медицинска нега.