ВИДЕО: Гори автобус на ЈСП во Ѓорче Петров

Се запали автобус на ЈСП во скопската општина Ѓорче Петров.

Според фотографиите кои стигнаа до редакцијата на Курир се гледа како гори горниот дел од автобусот.

Од ЈСП Скопје за Курир информираат дека на лице место е внатрешна контрола и се утврдуваат причините за несреќата, најважно е што нема повредени патници.

Се работи за автобус со број 5 кој сообраќа на релација од Дексион кон Ново Лисиче.