Секоја невеста сака да изгледа прекрасно на денот на нејзината свадба!

Откако ќе го најдете совршениот фустан, сигурно напорно ќе се трудите да се храните здраво и да вежбате редовно, а овие вежби ќе ви помогнат да се сконцентрирате и да изгледате неверојатно во невестинскиот фустан. Во комбинација со здрава исхрана и редовни кардио вежби (кои ќе ви помогнат да ги стопите мастите), додавањето на овие конкретни вежби ќе ви помогнат да изгледате привлечно и атрактивно на вашиот посебен ден.

За да започнеме, најпрво одберете го типот на фустан кој најмногу одговара на вашиот и потоа проверете ги соодветните вежби. Ако вашиот фустан е комбинација од повеќе карактеристики и стилови, тогаш пробајте повеќе вежби. Треба да го пробувате фустанот најмалку два пати неделно, оставајќи простор од еден или два дена помеѓу вежбите.

Отворен фустан, без прерамки ќе го нагласи горниот дел од грбот па затоа треба да се потрудите тој да изгледа одлично! Заедно со кардио вежби може да ги тонирате тие мускули со некои од овие вежби...

  • Вежби за тонирање на грбот со помош на тегови
  • Вежби за тонирање на грбот со фитнес справи
  • Вежби за тонирање на грбот со помош на кабел за отпор

Фустан без прерамки, како и оние со длабоко деколте или во форма на срце го насочуваат вниманието кон градите. Заедно со кардио и овие вежби, може да ги тонирате тие мускули и да изгледате прекрасно.

  • Вежби за тонирање на градите со помош на тегови
  • Вежби за тонирање на градите без опрема
  • Вежби за тонирање на градите со помош на фитнес справи

Фустан со тенки прерамки, без прерамки или една прерамка околу вратот ги нагласува рацете и рамената. Заедно со кардио може да ги тонирате бицепсите, трицепсите и делтоидните мускули со овие вежби за тонирање на рацете:

  • Вежби за тонирање на рацете со помош на тегови
  • Вежби за тонирање на раце без опрема за вежбање
  • Вежби за тонирање на рацете со помош на фитнес опрема
  • Вежби за тонирање на рацете со кабел за отпор

Тесен фустан, кој го оцртува облините, кој е поширок во долниот дел или целосно прав, залепен за телото го насочува вниманието кон стомакот, бутовите и задникот. Со овие вежби за обликување на телото заедно со кардио вежби ќе може да ги тонирате и обликувате тие мускули (стомачни мускули, странични стомачни мускули, нозете, задникот, бутовите, колковите).

  • Вежби за обликување на телото со помош на тегови
  • Вежби за обликување на телото без фитнес опрема
  • Вежби за обликување на телото со помош на фитнес справи
  • Вежби за обликување на телото со кабел за отпор
  • Вежби за обликување на телото со помош на топка за стабилност

Краток невестински фустан во кој се гледаат нозете го насочува вниманието кон долниот дел од телото. Заедно со овие и вежби и кардио може да ги тонирате тие мускули.

  • Вежби за тонирање на нозете со помош на тегови
  • Вежби за тонирање на нозете без опрема
  • Вежби за тонирање на нозете со справи за вежбање
  • Вежби за тонирање на нозете со кабел за отпор
  • Вежби за тонирање на нозете со топка за стабилност