Вежбање со своето дете – нов начин на рекреација

Вежбањето со своето дете, освен што станува нов моден тренд, е совршен начин за зацврстување на врската родител – дете и за поминување подолго време со него. 

Да се издвои дел од денот, во кој ќе му направите и прекрасна услуга на вашето дете, односно ќе го мотивирате на физичка активност, а и самите себе ќе се размрдате – звучи прекрасно. Иако во зависност од возраста на вашето дете, сите ќе реагираат различно, бидете сигурни дека ќе си поминете одлично време, макар и да вежбате заедно со вашето новороденче.

Овој тренд на вежби со децата е се популаризиран кај славните личности, па така, во секое време можете да најдете видеа и креативни идеи како тоа да го направите, и да слушнете зошто е токму тоа совршен начин за исполнето мајчинство.

Доколку се одлучите неколку денови од неделата да вежбате заедно со вашето дете, потсетете се на бенефициите кои ќе ги стекнете, од 2-3 часа неделно вежби, кои ќе бидат во знакот на мајчинството.

  • вашето дете ќе прави превентивни вежби кои ќе спречат чести видови на деформитети кои обично се појавуваат кај децата како сколиоза и кифоза, и проблеми со стапалото
  • вежбите ќе ве мотивираат дополнително да работите на себе и во периодот на мајчинство
  • вежбите со вашето дете нема да ви дадат впечаток на рутина, и ќе го направат вежбањето позабавно
  • ќе овозможите вашите деца да стекнат поинаков впечаток за вас, како силна и упорна жена
  • доколку вашето дете е повозрасно, ќе ги мотивирате за започнат со физичка активност и самит

Овој вид на вежбање може да биде особено интересен, доколку ви се придружи пријателка со нејзиното дете. Па така, групната мотивација и заедничка дружба секогаш ќе биде еден од начините плус кои ќе ве мотивираат да вежбате. Освен тоа, на тој начин ќе успеете дел од своето време да го отстраните од листата на непродуктивни нешта, и да ги тргнете вашите деца од нивните компјутери, и да поминат време со вас. Овој пат, поразлично, позабано и покреативно, во зависност од вежбите кои ќе се одберат. Секако, колку е помало детето, потребен е совет од вашиот лекар, за вежбите кои се наменети за него, и неговата возраст.

Уживајте во оваа активност и прекрасниот ефект кој ќе го добиете од неа.