Вежба која за 60 секунди ќе ве направи среќни!

За да бидеме среќни потребни се две работи: Да престанеме да ја бараме среќата во иднината и да преминеме од „активен модус“ во „модусот на останување во моментот“.

Хаемин Суним е еден од најуспешните учители на зен-будизмот во Јужна Кореја и цврсто верува во ова.

Неодамна во Берлин го промовираше својот бестселер „Убавите работи ги гледаш само ако одиш полека“ и таму тој поделил неколку корисни совети.

„Она што нѐ прави среќни е вниманието со кое правиме нешто, но проблемот е во тоа што воглавно сме во погрешен модус. Навикнати сме да решаваме проблеми еден по друг, сакаме да завршуваме работи и да ги решаваме проблемите. Кога сме во погрешен модус, мислите секогаш ни се во иднината.“

Повеќето луѓе размислуваат на следен начин: Кога ќе го завршам ова, ќе бидам среќен. Кога ќе си го купам ова или она, тогаш ќе чувствувам среќа. Но, работите не функционираат на тој начин. Не можете да бидете среќни во иднината, среќата функционира само сега и овде. За да биде среќен, човек треба да си даде себеси доволно време, да биде селективен и да ужива во сопствените мисли.

Кога ќе прејдеме од „активен модус“ во „модус на останување во моментот“, се случуваат три работи: мислите се забавуваат, подобро забележуваме и повеќе немаме чувство на обврска кон другите. Крајниот резултат: Конечно можеме да се опуштиме.

На крај тој понудил една вежба која овозможува насочување на вниманието кон душата, а трае само една минута.

Најдете некое удобно место, а потоа:

  1. Брзо кружете со рамениците во двата правци
  2. Испружете ги рацете над главата и спуштете ги
  3. Затворете ги очите и 6-7 пати длабоко вдишете и издишете
  4. Подигнете ја десната рака до висина на срцето, спуштете ја левата страна на градите и потоа повторувајте:
  • Да бидам здрав
  • Да бидам среќен
  • Да имам мир
  • Да бидам заштитен
  • Да бидам сакан
  1. Отворете ги очите и набљудувјте

После оваа вежба ќе чувствувате олеснување. Нема да мислите на ништо, но ќе забележувате сѐ околу себе.