Ветување од една тетка до нејзините внуци

До моите внуци,

Пресреќна сум што ве имам во мојот живот и тоа ми носи многу радост. Кој би знаел дека вакво нешто ќе има толкаво влијание на мојот живот. Вие сме сменивте на подобро  и не би можела да замислам свет во кој вие не постоите.

Би сакала да го поминам секој ден со вас, без оглед на дали ве гледам како си играте, како боите во своите сликовници или ми поставувате милион прашања кои некогаш и не можам да ги одговорам. Вашите прегратки ме прават среќна, бидејќи секогаш имате насмевка и љубов за мене.

Би сакала да можам да ве заштитам од сите негативни нешта кои се случуваат во светот. Би сакала да можам да ве заштитам од осаменост, скршени срца  и омраза од другите луѓе. Јас постојано му кажувам на светот за вас и горда сум на тоа колку добри личности станавте досега. Сакам да следам како ќе се развивате и колку успеси ќе постигнете понатаму во животот.

Сакам да ви ветам дека секогаш ќе ве дочекувам со отворени раце. Без оглед на тоа дали се тоа училишни натпревари и дали ќе победувате или губите. Сакам да ви ветам дека секогаш ќе ви давам поддршка, дури и тогаш кога вашите родители не ве разбираат целосно. Се надевам дека нема да ме гледате како возрасна личност која не ве разбира.

Никогаш нема да ви судам и секогаш ќе бидам личноста која ќе се обиде да ве разбере и да биде тука за вас.