Пожар избувна во бараките кај СУГС „Здравко Цветковски“ на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош.

Видео: Телеграф

Според првичните информации пожарот има зафатено три напуштени бараки кои се наоѓаат спроти бензиската пумпа на „Макпетрол“. 

На терен интервенираат повеќе екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје кои се обидуваат да го стават пожарот под контрола, но силниот ветер ја отежнува работата. 

На терен се излезени и полициски екипи, а пајак возилата ги собираат паркираните возила во близина на пожарот.

Засега нема информации за причината за пожарот и колкава материјална штета е причинета.