Вети си себеси...

Ветете си себеси дека ќе бидете толку силни што ништо нема да може да раздрма вашиот внатрешен мир. Ветете си себеси дека ќе зборувате за здравје, среќа и просперитет со секоја личност која ќе ја сретнете.

Ветете си себеси дека ќе направите сите ваши пријатели да се чувствуваат позитивно и трудете се вашиот оптимизам да се оствари.

Ветете си себеси дека ќе мислите само на најдоброто, дека ќе работите само најдобри работи, дека ќе  мислите само најдобро и дека ќе го очекувате само најдоброто.

Ветете си себеси дека поеднакво ќе бидете полни со ентузијазам за успесите на другите луѓе како да се работи за ваш успех.

Ветете си себеси дека ќе ги заборавите грешките од минатото и дека ќе се фокусирате да остварите повеќе во иднината.

Ветете си себеси дека секојдневно ќе ширите радост околу себе и дека на секој човек кој ќе го сретнете ќе му подарувате насмевка.

Ветете си себеси дека секојдевно трошите време на сопствено усовршување и дека нема да имате време да ги критикувате другите.

Ветете си себеси дека ќе бидете преголеми за грижа, преотмени за бес, пресилни за страв и пресреќни за да дозволите неволјите да се вдомат во вашиот живот.

Ветете си себеси дека ќе имате добри мисли и дека ќе ги споделувате тие мисли со светот.

Ветете си себеси дека ќе живеете со вербата дека целиот свет е на ваша страда сѐ додека сте искрени кон она најдоброто во себе.