Весна Петрушевска со порака до Град Скопје: „Сакам улица која ќе го носи името на Горан Стефановски“

Македонската глумица Весна Петрушевска од Град Скопје побара една улица во главниот град да се преименува и да го добие името на писател и драматург Горан Стефановски.

„Сакам улица која ќе го носи името на нашиот Горан Стефановски“, напиша глумицата на својот фејсбук-профил. Весна по веста за  Стефановски, во емотивна порака го нарече нејзин професор и пријател, човек со брилијантен ум кој оставил непроценливо богатство за идните генерации.

„Најголемиот драмски писател за мене Горан Стефановски, си замина во вечноста. Последен пат го видов на пешачки и му викнав од кола: ‘Те сакааам!’ Каков ум и каков фраер драги мои. Да живееш во времето на Горан е вистинска привилегија. Какво богатство ни остави, непроценливо. Ќе недостасуваш најмногу. Стварно нема смисла“, напиша таа.