Верувам...

Верувам дека нашето потекло и околности можеби влијаеле на нас, но ние сме одговорни за она што сме станале.

Веруваме дека без оглед на тоа колку добри пријатели имаме, сепак тие повремено ќе нѐ повредуваат и ние треба да им простиме за тоа. 

Верувам дека само затоа што некој не нѐ сака на начин на кој ние сакаме да нѐ сакаат, не значи дека не нѐ сакаат со цело срце. 

Верувам дека искреното пријателство продолжува да расте дури и наспроти најголемите далечини. Истото важи и за вистинската љубов. 

Верувам дека потребно е време и упорност за да бидеме личноста која сакаме да бидеме. 

Верувам дека со саканите луѓе секогаш треба да се разделуваме со љубезни зборови. Тоа е можеби последниот пат што ги гледаме. 

Верувам дека мораме да продолжиме уште долго откако ќе помислиме дека не можеме понатаму. 

Верувам дека ние сме одговорни за сѐ што правиме без оглед на тоа како се чувствуваме. 

Верувам дека или ти го контролираш својот став или тој те контролира тоа.  

Верувам дека храбри луѓе се оние кои го прават она што треба да се направи, без оглед на последиците.

Верувам дека мојот најдобар пријател и јас можеме да правиме и сѐ и ништо и пак најубаво да си поминеме. 

Верувам дека понекогаш луѓето од кои би очекувале да ви го зададат последниот удар додека сте на дното се токму луѓето кои ќе ви помогнат да станете. 

Верувам дека понекогаш кога сме лути имаме целосно право да бидеме лути, но тоа не ни дава право да бидеме сурови.

Верувам дека зрелоста има повеќе врска со искуствата кои сме ги имале и од кои сме научиле нешто, а многу помалку со бројот на родендени кои сме ги прославиле. 

Верувам дека не е секогаш доволно да ни биде простено од другите. Понекогаш треба да си простиш самиот на себеси.

Верувам дека без оглед на тоа колку ти е срцето скршено, светот нема да престане да се врти околу Сонцето поради твојата тага. 

Верувам дека без оглед на тоа што двајца се расправаат не значи и дека не се сакаат. А само затоа што не се препираат, не значи дека се сакаат. 

Верувам дека не треба да бидете упорни за да ја откриете тајната. Таа може засекогаш да ти го промени животот. 

Верувам дека двајца луѓе може истовремено да гледаат нешто и да видат нешто сосема спротивно. 

Верувам дека дури и кога мислите дека немате што повеќе да им понудите на пријателите кои ви бараат помош, ќе пронајдете сила и начин да им помогнете. 

Верувам дека дипломите на ѕидот не ја покажуваат вредноста на човекот. 

Верувам дека љубовта е најмоќно оружје. 

Верувам дека животот е многу поскапоцен од кои и да било материјални вредности.