Веруваат ли денеска децата во Дедо Мраз? – Психолизте со апел до родителите

Новата година е незамислива без Дедо Мраз, особено за најмалите. Приказната за оваа личност постоела многу одамна.

“Ако бидете добри оваа година Дедо Мраз ќе ви донесе многу подароци”...

Веруваат ли денеска децата на оваа реченица? Веруваат ли денеска децата во Дедо Мраз.

Лила е 30 години воспитувачка во градинка. Таа постојано прави разлика помеѓу децата од минатото и сега.

-Некако чудни се денешните генерации. Ја нема онаа новогодишна еуфорија кај децата, колку и ние да сакаме да им ја наметнеме. Сепак сметам дека тука проблем лежи кај родителите и целосно кај околината. На оние најмалите и можете некако да им ја наметнете приказната за Дедо Мраз, но на они малку поголеми од 5,6 години ни малку. Тие веќе знаат дека Дедо Мраз е измислен лик. Знаат дека санките не му се во дворот на градинката, раскажува таа.

Психолизте се едногласни за оваа тема.

-Се додека децата веруват во Дедо Мраз дозволете им да живеат со таа магија, советува психолог.

Тоа го објаснува со корисниот и природниот начин на кој детето размислува, а при тоа ја развива креативноста, фантазијата и се труди да биде подобра личност.

Погрешно е кога возрасните со сила ги разубедуваат децата во врска со Дедо Мраз, затоа што така им се урива светот, во кој тие се чувствуваат сигурно и среќно.

– Пуштете ги да му пишуваат писма ако сакаат, да му се радуваат и да се трудат поради него да бидат подобри и поправедни. Децата кои никогаш не верувале во оваа маѓија, подоцна имаат аверзија кон празниците, додаваат тие.

Психолизте ги советуваат родителите да им кажат на децата дека Дедо Мраз ќе ги награди ако бидат добри кон другарчињата, ако ги слушаат мајките и татковците, ако ги почитуваат наставничките. Тоа може да се „искористи“ како можност на децата да им се всадат позитивни вредности.

До кога ќе верува во Дедо Мраз зависи од детето, но најчесто во прво, второ одделение од основното училиште децата сфаќаат дека овој чичко поточно не е вистински. Најдобро е тоа да го заклучат самите, а не на груб начин тоа им го соопштат другарите или постариот брат или сестра.