Неофицијално, неврохирургот Венко Филипче е новиот министер за здравство, објави Инфо плус.
На Алијансата за Албанците им е понудено вицепремиерско место и се чека одговор од нив за овој предлог. Од ова ќе зависи дали тие ќе останат дел од Владата.
Неврохирургот Филипе сѐ уште ја нема потврдено оваа информација.
Доктор Филипче е првиот „хибриден“ неврохирург во Македонија, како и во регионот на поранешна Југославија, што е едуциран во класичната и во ендоваскуларната неврохирургија.
Неврохирургот во моментот е советник за здравство во кабинетот на премиерот Зоран Заев.