Венко Андоновски во белградска „Лагуна“

Деновиве, белградскиот издавач „Лагуна“ го објави во ексклузивно издание романот „Папокот на светот“ од Венко Андоновски на српски јазик. „Лагуна“ на корицата од книгата го најавува Андоновски како „современ класик на македонската книжевност“, повикувајќи се на предговорот на руското издание, за кое авторот лани беше во номинација за „Толстоевата награда“, а каде стои: „Без сомнение, Андоновски може да се нарече гениј, жив класик и книжевен џин, а романот може да се споредува со делата на Умберто Еко и Милан Кундера“. Лагуна, според ексклузивен договор, ќе ги објави и сите други романи на Андоновски во следниве години.

Паралелно, во Скопје, во издание на „Три“, се појави и второ издание од најновата книга раскази на авторот, „Припитомување на кучката“.