Венера во Јарец до 20 декември: Време е да ја разбудиме радоста која живее во сите нас

Венера владее со нашите чувства, вредности, животни задоволства. Таа зборува за нашите вкусови, уметнички склоности, сето она што нè прави среќни. Освен тоа, врзана е за нашите односи, врски, возбудувања, рамнотежа. 

Венера во Јарец е ледена кралица која знае само дека оној кој е истраен, трпелив, зрел и одговорен го заслужува нејзината почит. Кога еднаш ќе ја купите со своите квалитети, таа е постојана како сенка.

Навикната е да чека. Таа чека еден принц, човекот кој ќе го сака до крајот на животот. Оваа Венера е ориентирана на целта, духовита, поткована и под контрола. Многу е внимателна, па дури и во љубовта. Премногу е практична за да ја изгуби главата поради љубовта. 

Во овој период, многу внимателно ќе пристапувате на животните сфери и ќе можете да се потпрете на себеси. Нема да се трудите да го украдете вниманието со својот изглед, туку ќе бидете класични, префинети, умерени и сериозни. 

Оние врски кои ќе го надминат овој период може да се каже дека се силни, долготрајни врски. Од друга страна, оние кои се базираат на нестабилни и лажни односи, ќе пукнат многу лесно.  Оваа Венера точно сака да знае на што е. Ако сте сами, можно е овој период да запознаете сериозна, амбициозна личност која ќе ве освои. 

Многу од вас, ќе се врзат за работата и тука ќе ја насочат својата енергија. Можно е работата да ви стане поважна од емоциите, кои ќе се трудите да ги контролирате и потиснувате овој период. Ова е одличен транзит за оние кои долго очекуваат да им се оствари некоја професионална цел. 

Додека Венера е во владеењето на Јарецот, многу веројатно е дека ќе ви се појави некој од минатото. Венера во Јарец е посветена на стари љубови, недовршени емоции. Ќе се појави личност која ќе ве замоли за уште една шанса. 

Ова е период и кога во вашиот живот ќе влезат луѓе кои ќе ве стимулираат со својата оригиналност, луѓе со отворен ум и срце, на места на кои не очекувате да сретнете таква личност. 

Венера во Јарец ќе остави најголем впечаток на Јарците, но и оние со подзнак Јарец. Ова е период на мудрости, созревање и голема одговорност. Со самото тоа, многу од овие денови нема да бидат лесни за вас. 

Сепак, време е да ја разбудиме радоста која живее во сите нас. Заборавивме како да живееме, а Венера е тука да нè потсети на тоа.