Прво претставување на венецуелската кинематографија во Македонија преку ревија филмови од таа јужноамериканска земја ќе има во Кинотеката на Македонија од денеска до 29 октомври.
Организатори се Филмскиот фестивал Киненова и Амбасадата на Боливарска Република Венецуела во Софија.
Ревијата вечер од 20 часот ќе почне со филмот „Фамилија“ на венецуелскиот дебитант Густаво Рондон Кордова, кој победи на годинашниот фестивал Киненова. Филмот е прикажан на големи светски филмски фестивали, како Кан и Сан Себастијан.
Во наредните дена ќе бидат прикажани вкупно шест филма (пет играни и еден анимиран) од најновата филмска продукција во Венецуела.
Настанот ќе го отвори амбасадорката на Венецуела за Бугарија, Македонија, Црна Гора и Албанија, Ориета Капони.