Венчавките ќе се склучуваат во Домот на културата во Ѓорче Петров

Дел од Центарот за култура „Ѓорче Петров“ во Општина Ѓорче Петров е пренаменет во сала за венчавки поради лошите услови во кои досега се склучуваа браковите.

„Градоначалникот Александар Наумоски презеде времени мерки со тоа што овозможи соодветни услови кои приличат за вакви настани за венчавање на млади парови. Имено, во Центарот за култура  ‘Ѓорче Петров’ извршена е пренамена на дел од сцената со што се доби сосема нов адаптиран простор за венчавки. Поставена е нова завеса по широчина на целата сцена и адаптирани се столиците за младите и гостите кои ќе присуствуваат на чинот. Оваа мерка ќе трае се до преселување на општинските служби во новата општинска зграда каде што е предвидена и сала за венчавање“, соопштија од Ѓорче.

За в четврток веќе се закажани три венчавки во адаптираниот простор.