Велосипедските патеки мора да бидат прооди

Велосипедските патеки исцртани на коловозот со полна линија, но и оние над него во вид на тротоари, често не се почитуваат од возачите на автомобили. Иако таа патека е наменета за велосипеди и постојано треба да е слободна, проодна, како и останатиот дел од коловозот тоа во пракаса не е така па дел од возачите ја користат за повремено паркирање или запирање на возолото.

Велосипедистите често пати реагираат до сообраќајната полиција но додека таа дојде состојбата на терен се сменила па несовесниот шофер си завршил работа и се одалечил од местото.

  • Често возам со велосипед по булеварот од Влада кон Партизанска. Нема ден да не мора да се симнам од велосипедот и да поминам на коловозот или да се качам на тротоарот затоа што на велосипедската патека има паркиран атомобил. Најчесто тоа се случува пред деловните објекти каде што има седиште на банка, спортска обложувалница и неколку други дуќани. Сите велат дека на кратко се излезени од автомобилот а не разбираат дека прекинуваат сообраќај, или пак велосипедскиот сообраќај не го сметаат за сообраќај – вели Елена К. жителка на Центар.

Доколку сакаме Скопје да се декларира како велосипедски град тогаш вакви појави не треба да се толерираат. Очигледно е и дека фали едукација на сите за почитување на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот со сите други превозни средства, идеја која локалните власти треба што поскоро да ја реализираат.