Дали го знаете рокот на траење на варените велигденски јајца?

Во многу домови со денови после Велигден сеуште има варени јајца. Ако и на вас тоа ви се случува, знајте дека најбезбедно е да ги јадете најмногу седум дена по варењето.

Тие јајца препорачливо е да ги чувате во фрижидер, можете и надвор од него, но не до извор на топлина.

Најдобро е да ги јадете за појадок бидејќи јајцата даваат енергија и чувство на ситост, што е особено добро доколку сакате да ослабите.

Исто така, варените јајца может да ги искористите и за разни јадења и салати, но секако не претерувајте и со консумирањето на многу јајца секојдневно.