Велигденски базар за поддршка на СОС Детско село

По повод велигденските празници, учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ денеска организираат продажен базар.

Средствата од оваа добротворна акција што ќе се одржува во холот на гимназијата, ќе бидат наменети за СОС Детско село Македонија.

На велигденскиот базар ќе се продаваат рачно изработени предмети од учениците.