Велигденска трпеза во Македонија и Русија

Велигден е еден од најголемите христијански празници и е најомилен и кај македонските и кај руските верници. По строгите 40-дневни пости, секоја куќа на својата трпеза има изобилство од храна. Иако сме православни сепак нашите велигденските трпези со Русите се разликуваат. Заедно со ресторанот на Хотел Руссиа Ви претставуваме македонска и руска велигденска трпеза. 

Велигденска салата

Да започнеме од предјадењата. Во Македонија за време на Велигден се служи свежа сала најчесто марула, краставици и младо кромитче, а во Русија како предјадење се прават крем салати со мајонез и павлака.

Главно јадење

На велигденската трпеза во Македонија како главно јадење е јагнешкото подготвено со рузмарин додека пак во Русија се служи риба, телешко и пилешко месо. Но, традиционално се подготвуваа и курник, коj претставува пита полнета со мелено месо и јајца.

Десерт

Како десерт за празникот во Македонија обично се подготвуваат баклави, кадаиф, или пак се прават торти. Додека пак за Велигден во Русија се подготвуваат две слатки јадења. Кулич е првиот слатки специјалитет кој се служи наутро за појадок. Вториот десерт се вика Псаха што на руски значи Велигден, овој десерт се служи после ручек.

Ако сакате да одморите, а сепак да го прославите празникот можете да дојдете во ресторанот на Хотел Руссиа и да оставите велигденската атмосфера и храна само да го дополнат Вашето празнично расположение.

Комерцијален текст