Вегетаријанство: Македонците се повеќе се откажуваат од јадење месо - за некои мода, за некои начин на живеење

Во светски рамки сè повеќе луѓе се интересираат за вегетаријанството и сè поголем е бројот на луѓе кои поради најразлични причини се откажуваат од месото и продуктите од животинско потекло.

Овој тренд, или пак потреба, со текот на годините почна да заживува и во Македонија. Многу Македонци, особено помладите се откажуваат од јадењето на месо.

Некои од нив преминуваат кон вегетаријанска исхрана поради грижата за животните и животната средина, или пак, заради сопственото здравје, но кај друг дел вегетаријанци мотивацијата има религиозна или економска позадина.

Вегетаријанците не јадат само месо, вклучително риба и морска храна. Јадат житарки, мешунки, јаткасти плодови, семиња, овошје и зеленчук, а може да консумира и јајца и млеко и млечни производи.

Сѐ повеќе луѓе се одлучуваат да станат следбеници на вегетаријанството. И додека за некои тоа е само мода, вистински посветените вегетаријанци го дефинираат начинот на исхрана како начин на живот.

Всушност одлуката дали човек да се откаже од месото или не, е прашање на личен избор.Ако вие самите размислувате за такво нешто во последно време, читајќи повеќе за вегетаријанството, ќе успеете полесно да донесете одлука – без разлика каква и да е тоа. Еве неколку факти кои дефинитивно ќе ви бидат корисни:

1. Постојат неколку видови вегетаријанци. Повеќето луѓе си замислуваат дека вегетаријанците едноставно не јадат месо, но вистината е дека тие се делат на неколку видови. Некои вегетаријанци го одбиваат само месото, но ги оставаат рибата и млечните производи во менито. Други, пак, не консумираат ниту месо, ниту риба. Некои се стремат да ги избегнуваат и јајцата и млечните производи, но не сосема. Всушност секој вегетаријанец сам избира какви хранливи ограничувања ќе си наметне.

2. Здраво е. Конзумирањето на животински производи во умерени количини не е толку лошо, иако некои од нив содржат многу заситени масти и калории. Многу луѓе се загрижени дека запирајќи го внесот на месо, тие ќе доживеат недостиг на протеини и други супстанции, од кои организмот има потреба – но тоа се апсолутно неосновани грижи. Со доволно разновидно вегетаријанско мени човек може да си ги набавува сите материи кои му се потребни за подобро здравје.

3. Вегетаријанците исто така може да добијат масти. Генерално откажувањето од месото помага за намалување внесот на калории, што резултира со минимално слабеење. Ова сепак не важи кај сите луѓе. Ако не се храните со месо, но нагласувате на други штетни и калорични видови храна, тоа нема да влијае добро на вашата фигура. Некои видови сирења и ореви исто така можат да се покажат како непријатели на добрата форма, но само ако ги консумирате неограничено.

4. Вегетаријанството е добро за животната средина. Многу помалку ресурси се потребни за да се одгледуваат овошје, зеленчук, мешунки и житарици, отколку животни за нивното месо, млеко или јајца. Јадењето на вегетаријанска храна исто е поекономично и подобро за животната средина отколку пакувањето на прехранбените производи. Дури и ако се откажете од месото само два-три дена во неделата, така ќе придонесете за намалување на јаглеродниот диоксид во атмосферата.

5. Се намалува ризикот од болести. На многу начини вегетаријанската исхрана може да го намали ризикот од некои здравствени проблеми. Иако откажувањето од месото не е 100% гаранција за здрава исхрана, ако човек внесува претежно корисна храна, тој сигурно ќе го направи имунитетот посилен и има поголема шанса да се заштити од други болести. Според разни студии вегетаријанството е поврзано со намалениот ризик од кардиоваскуларни болести, некои видови на рак, дебелина, дијабетес и висок крвен притисок.

Светската здравствена организација (WHO) утврдила дека исхраната како фактор е одговорна за најмалку 30% од сите канцерогени заболувања во западните земји. Кај случаите на рак на градите, простатата, бубрезите, дебелото црево и панкреасот утврдено е дека конзумирањето на црвено и преработено месо, заситените животински маснотии, како и "тешката" храна со многу месо го зголемуваат ризикот од добивање рак. Големи научни истражувања во Германија и Англија покажале дека кај вегетаријанците има 40% помалку веројатност од развиток на рак, во споредба со оние кои јадат месо. Вегетаријанската исхрана богата со интегрални житарки, мешунки, зеленчук и овошје дејствува како превентивна мерка за заштита на организмот. Поради тоа не е воопшто за чудење фактот дека кај вегетаријанците има најниска стапка на ризик од заболување од рак, т.е дека се изложени на значително помал ризик во споредба со оние кои конзумираат месо.