Вегефест во МКЦ

Петти Вегефест, фестивал против експлоатација и дискриминација  на животните со кој се промовираат здрави, еколошки прифатливи и морално исправни принципи и начин на живеење, ќе се одржи денеска во Младинскиот културен центар , во организација на Здружението за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“.

Пораката на фестивалот  е  дека револуцијата за правата на животните започнува од принципите и животните навики на секој поединец.

Најавени се циклус предавања за користа од веганството, штандови со достапна веганска храна и продукти, уметничка изложба за права на животните, концерти  од  македонски алтернативни бендови и музичари, и перформанс на акробати од жонглерското студио Фаз Бабл.

Организаторот најави и Детско катче со танци, магионичари и едукативни работилници за деца. 

air max 90 essential sale