Вее снег во Маврово (видео)

Снег ја изненади Македонија и целиот Балкан од утрово. На повисоките места во државава веќе е направена покривка од неколку сантиметри.

Посетителите на Шапка, а сега и на Маврово можат да уживаат во прекрасната глетка и чистиот воздух.

Висината на снежната покривка на планините се зголемува. Според хидрометеоролите, на Маврово во 14 часот е зимерена снежна покривка од четири сантиметри.

Дува умерен на повеќе места засилен северен и северозападен ветер кој на моменти во Скопската котлина достигнува брзина до 36 км/час, во Штип до 54км/час како и во Пелагонија .

До крајот на денот ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. На планините и некои планински места врнежите ќе бидат од снег но со послаб интензитет.Ќе дува умерен на повеќе места засилен северен и северозападен ветер.