Вечерва во Џебно кино филмот „Сакуран“ (влез слободен)

Среда, 29 март, Дебатниот филмски клуб ЛАЛЕ ве поканува на проекција на дебитантскиот филм на јапонската режисерка Мика Нинагава, со наслов САКУРАН од 2006 год. Азијски филм на годината.

Речиси е сигурно дека досега не е снимен поколоритен филм од овој. Јапонската традиција за статусот и животот на гејшите во милион бои!

МКЦ, Џебно кино во 20 часот. Влезот е слободен.