Вечерва: Промоција на „Никој не рече дека ќе биде лесно“ од Коста Петров

Вечерва  во 19 часот во Дистрикт Бар во Скопје Мериот Хотел ќе се случи промоцијата на четвртата книга на Коста Петров.

Книгата го носи насловот „Никој не рече дека ќе биде лесно“

Што да направите кога чувствувате дека сте создадени за големи работи, а тие никако да тропнат на вашата врата? Ќе продолжите ли да чекате верувајќи дека што е ваше ќе си дојде? Ќе им се препуштите ли на малодушноста и тагата?

Новата книга на Коста Петров е приказна за љубовта и за вербата во животот. Чекор по чекор, таа нè води по патот кон остварување на нашите соништа. Нè потсетува дека никогаш не треба да се откажуваме. Наместо со последните сили да го развееме белото знаме на поразот, треба да најдеме сили за следниот чекор кон местото каде што сите чуда се можни. Самодовербата и моќта што ја имаме во себе да се справиме со предизвиците, безусловната љубов, човечноста – се нашите сојузници на тој пат... Ние сме предодредени за големи нешта. Ако доволно сакаме и ако напорно работиме на нивно остварување, универзумот секогаш ќе биде на наша страна.