Вечерна богослужба и Духовна академија за Успение на Пресвета Богородица во манастирот на Матка

Во пресрет на утрешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје вечер ќе се одржат Вечерна богослужба (17:30), Духовна академија 18:30 и сеноќно бдение (23:40).

Духовната академија се одржува по повод празнувањето во манастирот Успение на Пресвета Богородица Матка, а предвидено е црковно пеење и читање на псалми.

Утре, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиночалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

Во манастирскиот двор ќе се одржува и традиционалната крводарителска акција.