ВЕЧЕР НА ВИСТИНСКО УЖИВАЊЕ: Ал Ди Меола ги свири Битлси во МОБ!

Авалон со задоволство  ви го најавува следниот проект за оваа година- еден од најголемите светски и најнаградувани гитаристи на сите времиња, после пауза од речиси 10 години повторно се враќа во Скопје, со два ексклузивни концерта во една вечер (од 20 и од 22 часот), на 25ти ноември во Македонската Опера и Балет.


Ал Ди Меола ќе настапи со многу специфична програма, со музика на Битлси, Пјацола, како и негови авторски песни.

Пошироката светска јавност го запозна Ал Ди Меола вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Return to forever“, во кој членуваат клавијатуристот Чик Кореа, басистот Стенли Кларк и тапанарот Лени Вајт. За тоа време, додека тој е член во „Return to Forever“, составот објави три албуми. Но, кон крајот на 1970-те години, музичарот одлучува да прави соло кариера и до денес има објавено 24 албуми, освоено многу значајни награди и продадени над 10 милиони копии од своите изданија.

Освен со Кларк и Кореа, Ал Ди Меола е познат и по соработката со колегите Пако Де Лусија и Џон Меклафлин, кои во јавноста беа познати под името „гитарско супер трио“.

Долгата листа на соработници на Ал Ди Меола вклучува имиња како Пол Сајмон, Фил Колинс, Лучано Павароти, Карлос Сантана, Џими Пејџ, Френк Запа и многу други.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 9-ти октомври (понеделник), по цени од 1.500 и од 2.000 денари.

Бидејќи се работи за навистина ексклузивни концерти со мал капацитет, ви препорачуваме да си ги набавите вашите билети навреме.