Ве вртат коските? Ве боли главата без посебна причина? Метеопатија - модерна болест што не избира возраст

Ве вртат коските? Ве боли главата без посебна причина? Меланхолијата и депресивното расположение што ги создаваат температурните разлики, еден ден топло и сончево, друг студено и врнежливо, навистина им здодеа на многумина, а особено на метеопатите.

Модерна болест што не избира возраст.  Сепак, временската промена најмногу ја чувствуваат хронично болните.

 „ Пациентите во ова време најмногу се жалат на вирусни инфекции што го зафаќаат респираторниот тракт, на кашлица, на повремена температура, кај некои се појавуваат дури и почесто, имаме и веќе регистрани случаи на грип. Хроничните болни се жалат на замор, на отежнато дишење, на главоболки. Овој период е ризичен особно за хронично болните“, велат лекарите.

Хроничните болни и метеопатите би требало редовно да ја следат прогнозата и да се однесуваат според упатствата. Хронично болните се оние коишто имаат најголем проблем со промената на времето.

Лекарите препорачуваат редовно да ја земаат терапијата, а доколку дојде до посериозен проблем да се обратат кај матичнипот лекар.