„Вдоми, не купувај“- голема акција за вдомување на животни

Голема АКЦИЈА ЗА ВДОМУВАЊЕ НА МИЛЕНИК е предвидена за сабота 12.03.2015 година на улица „Македонија“, во близина на спомен куќата на Мајка Тереза. 

Под мотото „ВДОМИ, НЕ КУПУВАЈ!“ се обидеме на што повеќе кучиња и мачиња да им обезбедиме топол дом, па затоа ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да вдомат милениче, да дојдат од 12:00 -17:00 часот , да не посетат, го одберат својот најдобар четроножен пријател и на тој начин да спасат еден живот.

На големата акција за вдомување ќе биде поставен и едукативен штанд со инфо материјали (препораки за грижа, флаери за полезноста од стерилизација) и во секое време активистите на Анима Мунди ќе бидат достапни за совети и дискусија за се што ги интересира љубителите на животни.

Секое вдомено кутре ќе добие извод и ваучер за 70% попуст за негова стерилизација/кастрација во иднина, кој ќе важи за секаков вид оперативни зафати за вдоменото животно.

Информираме дека целиот настан е овозможен и поддржан со програмата Цивика Мобилитас и општина Центар.