Вчера 585 лица затекнати без маски, во изолација испратени 337 граѓани

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава на 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од МВР информираат дека од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, но не се евидентирани прекршувања на мерките.

Во однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 585 прекршоци.