Услуги
5. Јануари 2017 - 16:33

Важно соопштение од УЈП

Даночните обврзници (правни и физички лица), кои во претходната календарска година заклучно со месец декември оствариле вкупен промет повисок од 1.000.000,00 денари од вршење стопанска дејност што се оданочува, имаат обврска да поднесат пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-01“) најдоцна до 15 јануари 2017 година.

Во истиот рок, можат да достават пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-01“) и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност.

Пријавата ДДВ-01 може да се преземе преку веб-страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189 и може да се достави: по пошта, лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk.

Истовремено, потсетуваме дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат стопанска дејност што се оданочува.

За повеќе информации во однос на обврските за регистрација, пријавување и плаќање на ДДВ, преземете ја најновата брошура „Регистрација, пријавување и плаќање на данокот на додадена вредност“ http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/8).