Важни животни лекции кои можеме да ги научиме од Италијанците

Сите сакаат убав живот (dolce vita), но се чини дека жителите на Италија се меѓу ретките кои ја знаат тајната за тоа.

Ова се важни животни лекции кои можеме да ги научиме од нив.

Животот е поубав кога изгледаме поубаво

Со други зборови, тие сакаат да изгледаат убаво пред јавноста. Нивната филозофија го има мотото La bella figura, што значи  животот е поубав кога изгледаме поубаво. Тие преферираат квалитет наместо квантитет кога станува збор за облекувањето.  Италијанците го купуваат најдоброто и водат голема грижа за тоа што го носат. За нив, чевлите се особено важен дел.

Виното не постои за да се опијаните

Виното е добро, но тие го презираат претераното пиење. Италијанците ја ценат умереноста и исто како и за облеката, преферираат поскапо вино, кое ќе го пијат умерено.

Никогаш не изглегувајте од дома со мокра коса

И не одете боси. Тие особено се грижат за своето здравје, каде посебно внимание обрнуваат на soffro di servicale, односно избегнувањето на вкочанет врат.

Природната топлина е наш пријател

Затоа, за да избегнат вкочанет врат, тие исто така ги мразат клима уредите. При особено топло време, тие попрво би избрале вентилатор. Или би отишле кон морето за да се оладат.

Пастата не ве здебелува

За разлика од поголем дел од луѓето во последно време, тие не се плашат од јагленохидратите. Од пицата до пастата и свежиот леб, тие не бегаат од глутенот. Сепак, можете да забележите дека ретко ќе видите Италијанец со прекумерна тежина.

Пијалоците припаѓаат во вистински чаши

И храната припаѓа во вистински, убави чинии. Тие не го сакаат америнскиот концепт на „брза храна“ или “храна за носење’. Јадењето и пиењето се вистинска убава навика во Италија и затоа тие кон храната и пиењето пристапуваат со голема почит.

Салатата не е вечера

Салатата е само почеток, односно вовед во вечерата. За нив, вистинскиот оброк вклучува повеќе јадења и е задолжителен за крај на денот.