Важни информации за сите корисници на Vip

Од денес, телекомуникациската компанија оне.Вип станува А1 Македонија ДООЕЛ, а брендот Vip станува А1. Консолидирајќи ја својата позиција во рамките на A1 Телеком Австрија Групацијата, присутна во седум земји во регионот, Vip го претстави новиот бренд на компанијата – А1.

Сите корисници кои ќе ја симнат новата и усовршена апликација Мојот А1 добиваат бесплатен еднократен интернет пакет со 10GB.

Сите нови и постојни корисници кои ќе склучат договор на А1 Neo M или A1 Neon тарифните модели, добиваат новa услуга А1 Net Sef – личен сеф за интернет, каде што корисниците можат да го сочуваат неискористениот месечен мобилен интернет и ќе може да го користат кога и да посакаат, а воедно и лесно да го раководат преку Мојот А1 апликацијата.

Деловните корисници можат да уживаат во придобивките на А1 Business понудата која овозможува поефикасно решавање на сите бизнис предизвици, во секое време, каде и да се. Со тарифите А1 Neo XL и A1 Neo L, корисниците добиваат 1GB интернет во роаминг, секој месец.

A1 Combo, производот што овозможува одлично дигитално искуство со одличен  квалитет, најдобри ТВ филмски канали, неограничен интернет, од денеска е достапен за сите нови корисници со Smart Band подарок.

Информации за корисниците:

  • Нема потреба од промена на опремата, претплатничкиот број, SIM-картичката или договорите за траен налог.
  • Постојните претплатнички договори и тарифни модели остануваат во важност и продолжуваат да се применуваат под истите услови како и досега.
  • Промената на името на мрежата од Vip во А1 ќе биде видлива во делот на уредот во зависност од моделот. Доколку уредот не може веднаш да ја препознае А1, потребно е корисникот да го исклучи уредот и повторно да го вклучи.
  • Нема промена во листата на ТВ-канали.
  • Во согласност со промените на името на брендот, се менуваат називите на некои од производите и услугите (Мој Вип станува Мојот А1; Vip Combo ќе се преименува во А1 Combo), но притоа сите услови за нивно користење и цени остануваат во важност и непроменети.
  • За пристап до новите функционалности на апликацијата Мојот А1, потребно е корисниците да ја преземат новата верзија преку App Store/Google Play Store или да ја ажурираат преку прифаќање на опцијата „update“.
  • Детали за воведените новитети и уште повеќе одговори може да се најдат на www.A1.mk.