Важна информација за сите кои со своите возила денес ќе се враќаат во Скопје

Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно суви коловози на пониските места. Наместа влажни коловози се бележат на планинските премини, повисоките и осојничави места, каде поради ниски температури можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.