Вашата љубов сепак не е уникатна: Постојат само 4 типови парови!

Секоја врска е различна и има свои моменти кои се посебни, но науката успеала да пронајде начин како сите врски да ги смести во 4 категории. Научници кои се занимаваат со врските и односите, проучувале 400 невенчани парови и дошле до овие 4 категории:

Склони кон конфликти и многу заљубени

Сите знаеме еден таков пар – малку се заљубени, малку не се поднесуваат. Ако си дел од ваков пар, веќе го знаеш шаблонот. Кавгите ве раздвојуваат, а страста повторно ве спојува. Кога сте заедно, неверојатно сте заљубени и посветени еден на друг, а кога не сте, толку сте раздвоени што веројатно не би се поздравиле на улица.

Зависници од драма

Дури и кога нема причини за драмење, вие некако секогаш успеете да пронајдете причина. Кога е во прашање било какво носење на одлуки, тоа најчесто секој го прави за себе, без да се консултира со друга личност, а токму тука се отвора простор за нова драма. Таа баша нестабилност ве храни и ја прави вашата врска возбудлива, но внимателно, истражувањата покажуваат дека овие парови се склони и кон раскинувања.

Друштвен пар

И двајцата сте друштвени личности, а вашата врска не е само ваша – секојдневно ја пополнувате со дружење со други луѓе кои ги гледате како составен дел од вашиот однос. Заедничките пријатели ве зближуваат, а добрата вест е дека овие парови се силни и одржливи на долг рок.

Фокусирани едни на други

Немате ништо против друштво, но некако најдраго ви е работите да ги правите сами. Своите потреби ги ставате пред потребите на другите, а немате никаков проблем со повремено изолирање од надворешните влијанија.

 

 

 

new nike air max 2019