Вашата кожа ќе ви биде благодарна за овој домашен производ

Редовната ексфолијација на нашето тело не само што  ги чисти мртвите клетки кои се насобираат на површината на кожата, туку и ја прави кожата нежна и мека, особено во пресрет на летните месеци.

Потребни ви се само три производи и неколку минути за овој производ. Тој е природен, лесен и евтин кој ќе го подготвите во домашни услови.

Потребни состојки:

150 мл. Масло за бебиња  или маслиново масло

3-4 големи лажици морска сол и кафеав шеќер

кора од 1 лимон

Измешајте ги сите состојки и ставете ги во стаклена тегла. Ексфолирајте ја вашата кожа во текот на туширањето бареме еднаш неделно.

Вашата кожа ќе ви биде благодарна за ова.