„Вардарката“ Херем во тимот на првенството (видео)

Ракометарката на ЖРК Вардар и репрезентативка на Норвешка покрај златниот медал на штотуку завршениот Европски шампионат се закити доби признание и се најде во тимот на шампионатот.

Со бронзен медал во Скопје ќе се „вратат“ и Французинките Амадин Лејно и Александра Лакрабер.

Во најдобрата „седморка“ се:

голман: Сандра Тофт (Данска),

лево крило: Камила Херем (Норвешка),

лев бек: Кристина Неагу (Романија),

среден бек: Корнелија Грот (Холандија),

десен бек: Нора Мерк (Норвешка),

десно крило: Кармен Мартин (Шпанија) и

пикер: Ивет Брох (Холандија).

Најдобра одбранбена ракометарка: Беатрис Едвиг (Франција).

МВП: Корнелија Грот (Холандија).

Најдобар стрелец: Нора Мерк (Норвешка) – 53 голови.