Вардарци од утре ги почнуваат подготовките за одбрана на европската титула

Европскиот првак Вардар од утре, 27 јули повторно се собира за да ги почне подготовките за новата сезона во која се брани трофејот освоен во Келн минатиот месец.

Ракометарите изутрина ќе имаат индивидуални лекарски прегледи, а заедничкиот тренинг е планиран за 17 часот во големата сала во СЦ „Јане Сандански". До 3 август ќе се тренира во Скопје а потоа екипата заминува на подготовки во Словенија.

Сезонава нов играч е Даинис Кристопанс кој игра на позицијата десен бек. Со тимот ќе тренираат и дел од младите ракометарите од нашиот втор тим.

На 11 август екипата заминува за Германија и таму ќе го им апрвиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер.

Следниот ден нашиот тим ќе игра на турнир на Гумерсбах, и во полуфиналето на 12 август се среќаваме со Рајн Некар од 17 часот. Следниот ден е натпреварот за пласман.

На крајот од август од 24 до 29 август ќе бидеме во Катар каде ќе играме на Супер Глоуб, неофицијалното ракометно клупско СП.