Вардар со историска победа во Истанбул: „Црвено-црните“ ќе играат во групите на Лига Европа (видео)

Вардар повторно ја израдува Македонија.Оваа генерација на црвено-црните ќе остане запаметена како генерација која го направила најголемиот успех во поновата фудбалска историја, а голот за кој долго ќе се зборува беше дело на Џигаури.

Вечерва во Истанбул, Вардар успеа да го издржи притосокот на Фенербахче и да ја сочува предноста од Скопје.

Фенербахче погоди на почетокот на второто полувреме, а голот го постигна Неустаедтер во 61 минута, но сите надежи на Фенербахче ги урна Јаба Јигаури.

Точна на натпреварот стави Никола Глигоров во продолжението.