Вардар се излеа и во центарот на Скопје

Надојдените води во Вардар се излеаја и во центарот на Скопје.

Од вчера поплавена  е пешачката патека од страната на Музеј на ВМРО и Македонскиот народен театар. Кај владината зграда каде што исто така се смета за критична точка за излевање се ставени вреќи со песок, како и кај зградата на ПИОМ во Аеродром.

Деновиве поплавување имаше и во горните текови на Вардар, а причината се наглото топење на снеговите и врнежите.

Град Скопје кога лани Вардар го поплави центарот причината ја лоцираше во стеснетото корито на реката поради градбите од Скопје 2014 пред се поради Панорамското тркало и бродовите.

Токму поради тоа од Градот најавија и нивно дислоцирање за да се обезбеди слободен проток на водата.