Вардар организира фан-зона: Веспрем со 200 навивачи во Скопје

Ракометарите на Веспрем ќе имаат поддршка од 200 свои навивачи во првиот натпревар со Вардар од четврт-финалето на Лигата на шампионите в сабота од 16 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Европскиот вицепрвак откажа половина од нарачаните влезници, кои македонскиот шампион вчера ги пушти во продажба по цена од 350 и 450 денари.

За тие што нема да обезбедат билети од црвено-црниот табор ќе организираат фан-зона на платото пред главниот влез на салата, каде што ќе може заеднички да се следи мечот преку видеобим.

Такво нешто најави и првакот на Унгарија за своите фанови на возвратната средба на 30 април од 17:30 ч. во „Веспрем арена“.