Европската ракометна федерација (ЕХФ) излезе со прогноза дека Вардар ќе ја одбрани шампионската титула во елитното натпреварување.

– Базирано на формата на почетокот на сезоната, Вардар изгледа како сериозен конкурент да биде првиот што ќе ја одбрани титулата од Келн. Со најдобрата одбрана во ЛШ, тимот од Скопје, сега го нема Алекс Душебаев, но тоа го надомести со аплауз по импресивната победа против Барселона задржувајќи го првото место во Група А, и во ова рангирање, се вели во објаснувањето напишано за Вардар.

По првите пет кола во групната фаза на ЛШ, но и другите резултати во домашните лиги и регионални натпреварувања, новинарите што работат за сајтот на EHFCL.com за актуелниот европски првак Вардар има најдобри предвидувања.

„Црвено-црните“ се лидери во група А од лигата на шампионите со четири победи и едно реми, ја имаат најдобрата одбрана која досега прими само 116 голови, а во регионалната СЕХА лига имаат серија од шест триумфи по ред сезонава, најдобриот напад и најдобрата одбрана.

Прво рангирање на ЕХФ за сезоната 2017 /2018:

1. Вардар
2. Веспрем
3. ПСЖ
4. Барселона
5. Флезнбург
6. Рајн Некар
7. ПИК Сегед
8. Монпеље
9. Мешков
10. Нант

Медиа пулот на ЕХФ лани се покажа како добар прогнозер најавувајќи дека Вардар ќе стигне до Ф4 турнирот во Келн.