Вардар во слободна продажба сега ја пушти и јужната трибина. Сега сите симпатизери и навивачи на Вардар можат да набават билети и за јужната трибина по цена од 300 денари.

Ова значи дека навивачите на Фенербахче ќе бидат сместени на источната трибина, пишува Вардар Фанс.

Билетите ќе се продаваат на следните продажни места:

СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Билетарница С.Ц. „Јане Сандански“: од 14.08.2017 до 17.08.2017 од 10 до 18 часот.

КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс;
СТРУМИЦА: Скала Травел;
ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;
ПРИЛЕП: Т.А. Бран;
ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;
КОЧАНИ: Радио Кочани;
КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;
ВЕЛЕС: Унисон.

При купување на билет, секој ќе мора да приложи документ за идентификација (лична карта, пасош).

Извор: Спортм.мк